Member

Ivan Ristov

КРАТКА БИОГРАФИЈА -  Curriculum vitae

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Име и презиме

Иван Ристов

Државјанство

Р. Македонија, Македонско

Националност

Македонец

Пол

Машки

Дата на раѓање

23.01.1988

Место на раѓање

Општина Штип





 

РАБОТНО ИСКУСТВО

• Датум (од - до)

09.09.2014 -

• Име и адреса на работодавачот

Универзитет Св. „Климент Охридски“ - Битола Факултет за Безбедност - Скопје

• Област на работа или сектор

Катедра за полициски науки

• Позиција

Помошник за изведување на вежби

• Главни активности и одговорности

Изведување на вежби во академска 2014/2015 година (зимски семестар) на следниве предмети: 1. „Вовед во полициски науки“

2. „Полициска етика со деонтологија“

3. „Полиција и јавност“

Изведување на вежби во академска 2014/2015 година (летен семестар) на следниве предмети:

1. „Справување со конфликти“

2. „Интегрирано гранично управување“

3. „Полициски менаџмент“

 

ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКИ

III - циклус студии (Докторски студии) 180 ектс

• Датум (од – до)

2013/2014 година -

• Назив и вид на организацијата во која сте го стекнале образованието и обуката

Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола

Факултет за Безбедност – Скопје

• Насока

Безбедност

• Просек на положени испити

10.00

• Забелешка

Единствен и прв докторанд со највисок просек на докторски студии.

•Тема на докторска дисертација

/

Стекната квалификација

Студент на III–циклус академски (докторски) студии; (Докторанд)

• Изборни предмети (одредувачки)

1. Разузнавачката служба во современите меѓународни односи;

 

 

2. Организиран криминал и корупција;

3. Меѓународна политика и меѓународни безбедносни организации.

• Задолжителни предмети

1. Методологија на истражување на безбедносните науки

2. Безбедност и Меѓународно јавно право

3. Криминологија и Кривично право

4. Криминалистика и Наука за полицијата

• Задолжителни семинари

1. Етика во научноистражувачката работа

2. Студиски научно-истражувачки семинар

3. Применета статистичка анализа

II - циклус студии (Постдипломски студии) 60 ектс

• Датум (од – до)

2009/2010 година - 12.03.2013 година

• Назив и вид на организацијата во која сте го стекнале образованието и обуката

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Факултет за Безбедност – Скопје

• Главни предмети/професионални вештини опфатени со обуката

1.Разузнавање и контраразузнавање

2.Криминалистичко разузнавање и стратешки анализи

•Тема на магистерски труд

„Феноменолошки карактеристики на криумчарењето и недозволената трговија со оружје, муниција и експлозиви на територијата на Република Македонија во периодот 2001 - 2010 година“ (182 страни А4 формат)

• Стекната квалификација

Магистер (М-р) по криминалистика

• Просек на положени испити

9.57

• Степен во националната класификација

VIIA, 302 EКТС

I - циклус студии (Додипломски студии) 240 ектс

• Датум (од – до)

2006 - 14.09.2009 година

• Назив и вид на организацијата во која сте го стекнале образованието и обуката

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Факултет за Безбедност – Скопје (Поранешна Полициска Академија - Скопје)

• Главни предмети/професионални вештини опфатени со обуката

Безбедносна насока

• Стекната квалификација

Дипломиран криминалист

• Просек на положени испити

9.85

• Степен во националната класификација

VIA, 242 ЕКТС

• Забелешка

Четиригодишните студии ги завршив предвремено за три (3) академски години во периодот 2006-2009 година со најдобар просечен успех од 9.85 и бев прогласен за најдобар студент.

Средно образование

• Датум (од – до)

2002 - 2006 година

• Назив и вид на организацијата во која сте го стекнале образованието и обуката

ДСУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

• Главни предмети (насока)

Природно математичка насока – А група

• Просек на завршено образование

5.00

Основно образование

• Датум (од – до)

1994 - 2002 година

• Назив и вид на организацијата во која сте го стекнале образованието и обуката

ДОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш

 

 

• Просек на завршено образование

5.00

• Освоени награди

I награда на XXVII Републички натпревар по математика

III награда на XXVI Републички натпревар по математика

 

МАЈЧИН ЈАЗИК

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

 

 

ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

 

 

1. Англиски Јазик

Читање

Одлично

Пишување

Одлично

Говорење

Одлично

2. Турски Јазик

Читање

Добро

Пишување

Добро

Говорење

Просечно

3. Српски Јазик

Читање

Одлично

Пишување

Добро

Говорење

Многу Добро









 

Организациски вештини и способности

 

Комуникациски способности (вешт во психологија на комуникации);

 

Организациско – социјални

 

Координирање при тимска работа;

 

вештини и способности:

Логичко – критичко расудување.

Спорт и спортски

 

активности:

Карате

Трчање

Рекреативно учество на Скопски Маратон 2010 и 2013 год:

09.05.2010 година – хуманитарна трка на 5 km

12.05.2013 година – истрчан полумаратон (21.097 km) за време од 01:48:41

Планинарење;

Технички вештини и способности

Работа со компјутери, специфични типови на опрема, машини, итн.

Работа со компјутери

Microsoft office

Internet

SPSS

 

Возачка дозвола

 

Б - категорија (28.01.2006 година)








 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ

1. ОБЈАВЕНИ ТРУДОВИ

2. ТРУДОВИ КОИ СЕ ВО ФАЗА НА РЕЦЕНЗИЈА (прифатени апстракти)

3. Добиени награди, пофалници, признанија и сертификати

4. Учество на курсеви, семинари, обуки и конференции

 

1. ОБЈАВЕНИ ТРУДОВИ

12. Nikola Dujovski, Snezana Mojsoska, Ivan Ristov, Development of deontology in the function of improvement of police profession, Naučno-Stručni skup „Suprotstavljanje savremenim oblicima kriminaliteta – Analiza stanja, evropski standardi i mere za unapređenje“, Tara, hotel „Omorika”, 26-28 maj 2015 godine

This paper deals with deontological theories, provides guidance and suggestions for development of deontology aimed at improving and development of police profession.

 

11. Kostadina Klechkaroska, Ivona Shushak, Ivan Ristov, Children as victims of sexual abuse,

 

International scientific conference, Criminalistic education, situation and perspective - 20 years after Vodinelic, Skopje, 24-25 October 2014

This paper analyzes existing criminal data, as well as the dynamics and occurrence of the sexual delicts in the Republic of Macedonia and the Balkans, especially concentrating on children as victims. The goal is to identify the characteristics of child victims and profiles of the perpetrators of sexual abuse. the methods that is used in this paper is descriptive method and analysis of official statistics documentations checks for criminal acts committed by 2001-2013 in Macedonia and statistical breakdown of crimes committed in Balkan countries. The conclusion of the paper is that in the Republic of Macedonia in the previous period there are increasingly evident cases of sexual abuse of the children. Raising awareness of the cultural, social and educational level of citizens, contributing to openly talk about topics that until recently was embarrassed to speak, to recognize this social and criminogenic appearance and timely be required and provide protection by competent institutions. Such crimes against sexual freedom and morality, justified triggered public reactions, more often because as the object of attacks are children up to 14 years.

 

10. Ivan Ristov, Angelina Stanojoska, Positive discrimination of the minority in the Republic of Macedonia and the causing of direct discrimination of majority, resulting with forcing and producing of unprofessional and bad quality public administration, Научно списание „Хоризонти“, 2014

Тема на овој труд е позитивната дискриминација односно афирмативната акција на државата врз малцинството, поконкретно „оправданото“ отстапување од основниот принцип на фомална еднаквост во Република Македонија и како таа позитивна дискриминација непосредно предизвикува директна дискриминација на мнозинството граѓани во Р. Македонија која резултира со форсирање и вработување на несоодветен и нестручен кадар во државната администрација (Агенциите задолжени за спроведување на законот). Посебен акцент во трудот е ставено на одредбите од Охридскиот рамковен договор кои се однесуваат на недискриминацијата и правичната застапеност на малцинствата во Р. Македонија и на првите четири генерации студенти на Факултетот за Безбедност – Скопје, каде e направена анализа на квалитетот на студентите од самите приемни уписи преку дипломирањето до вработувањето во јавниот сектор врз основа на етничка припадност.

 

9. Злате Димовски, Ице Илијевски, Иван Ристов, Кире Бабаноски, Компаративна анализа на феноменолошките карактеристики на недозволената трговија со оружје, муниција и експлозиви во Република Македонија во временските периоди 1989 – 1998 и 2001 – 2010 година, Научно списание „Хоризонти“, 2014

Предмет на проучување на овој труд првенствено се феноменолошките карактеристики на недозволената трговија со оружје, муниција и експлозиви на територијата на Р. Македонија, поточно компаративно-корелациона анализа помеѓу два разгледувани 10 годишни временски периода (временски период*1(1989-1998) година и временски период*2(2001-2010) година). Главна цел на овој труд е да се добие појасна слика за движењето на овој тип на криминалитет од пред независноста на Р.Македонија преку конфликтот во 2001 година, се до 2010 година, како и предвидување на идните трендови и движења. Методологија: За истражувањето на феноменологијата користени се статистичкиот метод, компаративниот метод и анализа на содржина на документи. Добиени резултати: Недозволената трговија на оружје, муниција и експлозиви, е со висока стапка на територијата на Р. Македонија, се карактеризира со богата криминална феноменологија и податоците укажуваат дека и во иднина овој проблем ќе ја обремува безбедносната состојба во Р.Македонија. Добиените резултати исто така се и една добра основа за понатамошни етиолошки истражувања и заклучоци.

 

8. Ivan Ristov, Kostadina Klechkaroska, Ivona Shushak, Turkey's strategic interest in Balkan: The Republic of Macedonia a Case Study, International Scientific Conference: Macedonia and the Balkans, a hundred years after the World War I – Security and Euro-Atlantic integrations, Faculty of Security -

Skopje, Republic of Macedonia, Ohrid, June 2014

Балканскиот полуостров а особено Република Македонија и од историски аспект но и во современи геополитички услови е една од зоните на влијанија на Република Турција кон која таа покажува особен интерес. Турција води една политика на повторно „придобивање“ на територите кои биле под окупација на поранешната Отомаска империја. Целта на трудот е да се идентификува интересот на Р. Турција кон Македонија преку анализа на четирите главни влезни точки: економија, религија, култура и политика. На економски план се издвојуваат повеќе капитални инвестиции на Турција во Р.Македонија меѓу кои изградбата на Аеродромот Александар Велики - Скопје, Висококатниците на „Џевахир Холдинг“ во Скопје, па се до изградба на обични студентски интернати во Штип за сместување на турски студенти. Во религијата, ИВЗ е под влијание на Турскиот начин на практицирање на ислам, што во основа е и добро. Ова јасно се

 

виде при славењето на Курбан Бајрам во 2012 година кога дел од земјите кои се под влијание на Турција го славеа овој празнк во четврток, а оние кои се под влијание на Саудиска Арабија славеа во петок. На културолошки план, целосна медиумска покриеност од турски филмски серии, присуство на Турската интернационална агенција за соработка и развој (ТИКА) која обавува дејност во повеќе од 100 земји на 3 континенти, организирано дејствувањето на повеќе (околу 33) турски невладини организации во Р. Македонија кои заедно се организирани под капата на „Сојузот на турски НВО во Македонија (MATÜSİTEB)“, а дејствуваат во повеќе сфери во општествениот живот: преку образование и религија до спорт, остварувајќи најразлични цели кои се од интерес на турската држава и нација итн. На политички план преку турските партии во Р. Македонија чија таргет група е турското население кое брои околу 3.9% од вкупното население.

 

7. Kire Janev, Saso Dimeski, Ivan Ristov, Republic of Macedonia - Regional conflict of interest’s zone and geopolitics, International Scientific Conference: Macedonia and the Balkans, a hundred years after the World War I – Security and Euro-Atlantic integrations, Faculty of Security - Skopje, Republic of Macedonia, Ohrid, June 2014

Трудот се движи во насока на анализа на моменталната геополитичка и геостратегиска положба на Р. Македонија преку акцентирање на отворените прашања кои ги има со соседите. Безбедносната анализа укажува дека Р. Македонија претставува зона на влијание каде се судираат интересите на сите соседни земји. Низ историјата територијата на етничка Македонија била клучен излез на Србија на море. Историски гледано (Македонија беше дел од СФРЈ) Р. Македонија е во најдобри односи со Р.Србија, и формално имаме признание на уставното име, но не треба да се потцени постоењето на црковниот спор помеѓу МПЦ и СПЦ. Овој проблем (иако на прв поглед религиско) всушност претставува политичко прашање, чие решавање е невозможно без активна улога на политичките актери од двете земји. Санстефанска Бугарија е неостварен сон за дел од бугарите (ултранационалистичка политичка партија Атака). Актуелни се и денешните проблеми со Р. Бугарија која иако формално го признава Уставното име на Македонија, сепак спорат голем процент од нашата официјална историја (посебно македонскиот јазик) и се повикуваат на бугарски корени на македонците. Спорот околу нашето уставно име со Р. Грција. Дел од западниот дел на Македонија, е вклучен во сонот за Голема Албанија. Конфликтот од 2001 година, покрај другото беше и обид за завземање на територии. Албанскиот национализам како ретроградна општествена појава насочена кон отцепување на дел од територијата на Македонија и нејзини припојувања кон Албанија создава илегални форми на здружување врз таа основа, а албанскиот организиран криминал е референтна точка за сите криминални активности на денешнината.

 

6. Angelina Stanojoska, Ivan Ristov, Trafficking in human beings and violence: Balkan peninsula and the violent entrepreneur model, Scientific and professional conference with international participation: Violence in Serbia - Causes, consequence, and social reaction, Academy of criminalistic and police studies, Tara, May 2014

Balkan Peninsula known by its violent history is home for crime groups working by the model of violence. This model pertains almost only to the trafficking of women. It involves large numbers of women from the Balkans and those sold off to Balkan traders by crime groups from the former Soviet Union and Eastern Europe. Therefore, it controls women from their base in the Balkans through their exploitation in the brothels of Western Europe. Balkan traders in women run an integrated business and are middlemen for the groups from Eastern Europe. It is model whose core is violence. Through violent methods victims are controlled, exploited, many even do not survive the process of their trafficking.

The paper aims to explain the methods of “working” of criminal groups on the Balkan soil, especially explain the usage of extreme violence (violence is known as characteristic of trafficking in human beings everywhere, but is a crucial instrument in these countries). Using data from authorities in some Balkan countries, and going through stories of survived victims, violent modus operandi is explained, its consequences and possible forms.

 

5. Ivan Ristov, The feeling of secure of the high school youth through the prism of trust in the police and the problem with "black" weapons on the territory of the Republic of Macedonia, Yearbook of Faculty of Security - Skopje, 2014

Целта на спроведеното истражување беше да се открие дел од темната бројка на илегалната трговија на оружје, да се дојде до одговор колку од средношколците се запознаени со овој тип на проблем, дали досега имаат видено и користено оружје, дали самите поседуваат оружје или знаат некој кој поседува, дали оружјето кое го имаат видено знаат дали е илегално или не е, колку често слушаат пукотници од оружје во местото каде живеат, дали се чуствуваат безбедни и ако не се чустваат зошто. Како метод на прибирање на податоци беше употребен стандардизиран анкетен прашалник кој содржеше 32 прашања со повеќе понудени одговори а целна група беа приближно 800 средношколци по случаен избор

 

од IV (во Куманово III) година гимназиско образование од 8 различни гимназии од 8 града на територијата на Македонија.Заклучивме дека немањето доверба во полицијата да се справи во борбата со криминалот и големите количини на „црно“ оружје во Република Македонија предизвикуваат голем процент од средношколската младина да не се чустваат безбедно. Голем процент од средношколската младина имаат видено оружје а добар дел од нив имаат и користено. Помал дел од средношколците поседуваат оружје. Според средношколците илегалната трговија со оружје е најмногу застапена во западна Македонија. Средношколците од источна Македонија се чуствуваат побезбедно од оние кои живеат во западна Македонија. Досега во Република Македонија не е спроведено ваков тип на истражување и резултатите кои се добиени ќе бидат од голема важност за криминолошката наука и криминална политика

 

4. Ivan Ristov, Security assessment of Syrian crisis, Scientific conference Archibald Reiss Days, Academy of criminalistic and police studies, Belgrade, Serbia, March 2014

Во трудот е направена безбедносна проценка на сириската криза, со посебен осврт на системската анализа на општествениот конфликт кој се води таму. Во посебен дел како сегмет од влијанието на надворешно-политичките фактори анализирани се Руско - Американските односи низ призмата на сириската криза. Како методи користени се дескриптивниот метод, методот на анализа на документи, индукциско-дедуктивниот метод, историскокомпаративниот метод, како и други логички и нелогички методи кои се користат во безбедносните истражувања. Главните заклучоци кои се извлечени се дека Сирија нема да претставува точка на пресврт во меѓународните односи, дека ситуацијата на терен нема да се расчисти во наредните 6-7 месеци, Башар Ал-Асад ќе се обиде на почетокот на 2014 да освои уште еден претседателски 7 годишен мандат и доколку не победи политички или на терен во наредните 7 месеци губи на подолг рок. Интересот кој го има САД кон Сирија е чисто нафтено стратегиски, односно, предвидено е на територијата на Сирија да поминува нафтовод кој комплетно ќе ја осамостои енергетски Западна Европа, додека пак интересот на Русија кон Сирија е и историски и чисто економски (продажба на руско оружје).

 

3. Ivan Ristov, Strategic aspects of preventing illicit trafficking in small arms and light weapons, Zbornik radova, Međunarodna naućnostrućna konferencija, Suzbijanje kriminala i evropske integracije s osvrtom na visokotehnološki kriminal, Laktaši, 28-30.03.2012;

Овој труд е во насока на откривање на клучните индикатори кои ќе помогнат во стратешката борба против криумчарењето и илегалната трговија со оружје, муниција и експлозиви. Покрај дадените податоци за големината на илегалниот пазар на оружје, во светки рамки но и поконкретно за балканот и Р.Македонија, авторот во делот од трудот каде зборува за феноменолошките карактеристики на илегалната трговија со оружје и можната примена на криминалистичкото разузнавање се со цел проактивно делување на службите задолжени за спроведување на законт во борбата против овој тип на криминал, прикажува шема (скица) во која се опфатени дејствијата на одредена криминална организација која со цел успешно изврување на ваков тип на КД ги спроведува етапно. Оттука анализирајки ги овие дејствија и насочувајки ги службите кон собирање на релевантни и навремени податоци низ издржан криминалистичко разузнавачки процес би ја оствариле проактивната компонента во нивното делување.

 

2. Иван Ристов, Феноменолошки карактеристики на криумчарењето и недозволената трговија со оружје, муниција и експлозиви на територијата на Република Македонија во периодот 2001 – 2010 година, магистерски труд, (183 страни), одбранет на 12.03.2013 година на Факултетот за Безбедност – Скопје

Овој труд е обемно и логички поврзано научно дело од 182 страни, кое третира една многу малку обработувана криминолошка тема во криминолошката наука во Р. Македонија. Главната хипотеза на трудот претпоставува дека внатрешните политичко-идејни фактори, како и специфичната геополитичка положба на Р. Македонија како земја транзит но и крајна дестинација на криумчарењето и недозволената трговија на оружје, муниција и експлозиви, резултираaт со висока стапка на овој тип на криминалитет на територијата на Р. Македонија и се карактеризира со богата криминална феноменологија.

Преку спроведеното феноменолошко истражување во суштина овозможeно е да се идентификуваат клучните индикатори за насочување на етиолошките истражувања и за поставување на научни хипотези врз кои ќе се постават натамошни проекти и ќе се насочуваат истражувањата на криминалитетот. Со едно оригинално и пред се емпириски потврдено научно истражување даден е приказ на обемот, динамиката и структурата на овој тип на криминалитет во периодот од 2001 до 2010 година, притоа споредувајќи ги криминалните трендови со периодот од 1989 до 1998 година. Преку анализа посебно е прикажано и предвидувањето за трендот на движење на овој тип на криминал, како и предлог решенија кои би требало да се имплементираат во криминалната политика во Р. Македонија. Сепак, во самиот труд се дадени покрај феноменолошки, одредени прикази и за етиолошки проблеми кои неможат да се сретнат никаде на друго место во криминолошката наука не

само во рамки на Р. Македонија туку и пошироко. Овде пред се се мисли на делот од трудот каде е направен обид да се даде објаснување на криминолошките фактори кои влијаат за појавата на илегална трговија со оружје, преку аплицирање на чисто економска наука во криминолошко истражување (преку теоријата за понуда и побарувачка на пазарот).

 

1. Ivan Ristov, Strategic aspects of combating terrorism - Criminal intelligence as a part of the new techniques and methods of combating terrorism, безбједност полиција грађани, Министарство унутрашњих послова Републике Српскe,  Бања Лука, Година VII Број 1-2/11, 2011 година; (Трудот е презентиран на „Naučno-stručnog skupa sa međunarodnim učešćem, Suprotstavljanje terorizmu – međunarodni standardi i pravna regulativa, R. Srpska, Kozara, 28. – 30. mart 2011. godine

Целта на трудот е да покаже дека стратешкото размислување во борбата со современиот тероризам денес претставува основа за ефективен одговор од страна на полицијата. Без краткорочни и долгорочни предвидувања со кои ќе се претпостави насоката на развивање на терористичките организации, без промислена алокација и на така скудните ресурси не замисливо е успешно спречување, откривање и процесуирање на терористичките напади. Авторот смета дека криминалистичкото разузнавање а посебно стратешките анализи како дел од него треба да бидат основа на новиот тип на работа на полициските служби.  

 

 

2. ТРУДОВИ КОИ СЕ ВО ФАЗА НА РЕЦЕНЗИЈА (прифатени апстракти)

 

4. Учество на конференции, семинари, обуки, курсеви и предавања

 

 

 

3. Добиени награди, пофалници, признанија и сертификати

§

Сертификат за учество во шестата по ред Школа за млади лидери под покровителство на Претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорге Иванов, во периодот од 16 до 28 Август 2015 година, Хотел Инекс Горица - Охрид.

§

Сертификат за учество на меѓународната научнa конференција на тема: "Criminalistic education, situation and perspectives - 20 years after Vodinelic", 24-25 Октомври 2014, Скопје, Македонија.

§

Сертификат за учество на меѓународната научностручна конференција на тема: „Македонија и Балканот, сто години по Првата Светска Војна - Безбедносни и Евро-Атлантски интеграции“, Охрид, Македонија, 3-5 Јуни 2014.

§

Сертификат за учество на меѓународната научностручна конференција на тема „Сузбивање на криминалот и европските интеграции со посебен осврт на високотехнолошкиот криминал“, Босна и Херцеговина (Република Српска), Лакташи 28-30 март 2012 година.

§

Сертификат за учество на меѓународната научна конференција на тема „Спротивставување на тероризмот – меѓународни стандарди и правна регулатива“, Босна и Херцеговина (Република Српска), Козара 29-30 Март 2011 година.

§

Признание за најдобри остварени резултати во генерацијата 2006-2009,Универзитет „Св. Климент Охридскиˮ- Битола, Факултет за Безбедност – Скопје, Декан Ред. проф.Д-р Јанко Јакимов, Скопје, 11.12.2009 година.

§

Пофалница за постигнат најдобар успех, Универзитет „Св. Климент Охридскиˮ-Битола, Факултет за Безбедност – Скопје, Ректор Проф. Д-р Златко Жоглев, Битола, 08.12.2009 година

§

I награда на XXVII Републички натпревар по математика за учениците од основно образование, 11.05.2002 година;

§

III награда на XXVI Републички натпревар по математика за учениците од основно образование, 2001 година.

 

§

Учество во шестата по ред Школа за млади лидери под покровителство на Претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорге Иванов, во периодот од 16 до 28 Август 2015 година, Хотел Инекс Горица - Охрид.

§

Работна посета во „Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност“ при

Министерството за Внатрешни Работи на Р. Македонија, во рамки на предметот „Полициски Менаџмент“ во својство на „Помошник на полициска катедра“ задолжен за изведување на вежби, 29 Април 2015 година.

§

Учество на меѓународната научнa конференција на тема: "Criminalistic education, situation and perspectives - 20 years after Vodinelic", 24-25 Октомври 2014, Скопје, Македонија.

§

Учество на меѓународната научностручна конференција на тема: „Македонија и Балканот, сто години по Првата Светска Војна - Безбедносни и Евро-Атлантски интеграции“, Охрид, Македонија, 35 Јуни 2014

§

Предавање на тема: „Борбата против организираниот криминал и мафијата - искуства од Република Италија“, предавачи: М-р Митко Чавков (директор на БЈБ при МВР на РМ), проф. д-р Марија Фалконе и г-дин Леонардо Гварнота (претставници на Фондацијата „Фалконе„ од Република Италија), Факултет за Безбедност - Скопје, 15 Март 2014 година.

§

Scientific conference Archibald Reiss Days, Academy of criminalistic and police studies, Belgrade, Serbia, 3-4 March 2014 (настап со сопствен научно-истражувачки труд).

§

Студиска посета (предавање) во Агенцијата за Разузнавање на РМ, 06.12.2013

§

Научно-стручна расправа на тема „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија:

правни, економски и безбедносни аспекти“, Факултет за безбедност - Скопје, 05.12.2013 година.

§

Tркалезна маса на тема „Безбедносните предизвици на Република Македонија во 2013 година“, Факултет за безбедност - Скопје, 18.04.2013 година.

§

Студиска посета (предавање) во Агенцијата за Разузнавање на РМ, 07.05.2012

§

Меѓународна научностручна конференција на тема „Сузбивање на криминалот и европските интеграции со посебен осврт на високотехнолошкиот криминал“, Босна и Херцеговина (Република Српска), Лакташи 28-30 март 2012 година, (настап со сопствен научно-истражувачки труд).

§

Меѓународна научна конференција на тема „Спротивставување на тероризмот – меѓународни стандарди и правна регулатива“, Република Српска, Козара 29-30 Март 2011 година, (настап со сопствен научно-истражувачки труд).

§

Проект на UNDP, Обука за полициски службеници при контакт со лица болни од ХИВ/Сида, Полициска Академија – Скопје, 2008 година.

§

Практична обука во ПС – Радовиш, во текот на студирањето на Полициската Академија/Факултетот за Безбедност – Скопје, 2007/2008 година.

§

Курсеви по математика и информатичка технологија во текот на основното и средното образование.